Во двата бањски локалитети на АД „Дебарски Бањи –Цапа“, Бањиште и Косоврасти, минатата година се регистрирани над 80 илјади ноќевања. Инвеститорот и генералниот директор на бањите Меџит Цапа, изјави дека покрај бројот на ноќевањата во пораст е и бројот на странските гости. Така според него од вкупниот број на ноќевања над 60 отсто од ноќевањата се остварени од странски туристи. Инаку според Цапа најголем број на гостите во Дебарските бањи биле од Албанија и некои други европски земји, но и од дијаспората. По приватизацијата на бањите пред една деценија, а кои се основен двигател на дебарското стопанство, за модернизација на хотелските капацитети, објектите и техниката за терапиите, но и самите бањи се инвестирани над седум милиони евра, со што сега сместувачките капацитети имаат европски стандарди.
Во двата бањски локалитети на АД „Дебарски Бањи –Цапа“, Бањиште и Косоврасти, минатата година се регистрирани над 80 илјади ноќевања.
Инвеститорот и генералниот директор на бањите Меџит Цапа, изјави дека покрај бројот на ноќевањата во пораст е и бројот на странските гости. Така според него од вкупниот број на ноќевања над 60 отсто од ноќевањата се остварени од странски туристи. Инаку според Цапа најголем број на гостите во Дебарските бањи биле од Албанија и некои други европски земји, но и од дијаспората.
По приватизацијата на бањите пред една деценија, а кои се основен двигател на дебарското стопанство, за модернизација на хотелските капацитети, објектите и техниката за терапиите, но и самите бањи се инвестирани над седум милиони евра, со што сега сместувачките капацитети имаат европски стандарди.
Цапа најави наскоро нова инвестиција за изградба на уште еден хотел во Бањиште и информираше дека ќе продолжи да доделува стипендии за медицински кадар. Инаку во двата бањски локалитети, медицинскиот персонал ги врши сите терапии кои се спроведуваат во светот.